• понеделник, 01 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локални врнежи од дожд

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локални врнежи од дожд
Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени. УВ=7. Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 21 степени. Од среда следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Остани поврзан