• среда, 03 јули 2024

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. И во текот на следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. бт/сп/

Остани поврзан