• сабота, 06 јули 2024

Советот на амбасадори со осуда на терористичките напади во Франција и Австрија

Советот на амбасадори со осуда на терористичките напади во Франција и Австрија
Скопје, 7 ноември 2020 (МИА) - Советот на амбасадорите на Република Северна Македонија најостро ги осудува неодамнештите терористичките напади и варварскиот чин на насилствата кон граѓаните на Франција и Австрија. - Овие напади се насочени кон демократските вредности и институции кои се дел основните слободи на веросиповед, инофрмирање, граѓански права и слободи. Затоа деновиве сме солидарни со граѓаните на Австрија и Франција. Солидарни сме и со жртвите на атентатите, со нивните семејства и со сите оние кои ги осудуваат таквите акти на насилство, се наведува во соопштението на Советот на амбасадорите. Советот нагласува дека ги осудува злосторствата на џихадистите и исламскиот тероризам, кои воедно им нанесуваат недоместливи штети на муслиманите кои не ја прифаќаат екстремистичката кауза. - Совет на Амбасадори и понатаму ја афирмира определбата на нашите граѓани како и на мнозинството граѓани во светот за заеднички соживот соработка и создавање културни и други вредности во духот на толеранцијата и заемното почитување меѓу религиите, јакнењето на заемната доверба со граѓаните од исламската вероисповед, како дел од нашиот мултиетнички мултиконфесионален систем, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан