• понеделник, 23 декември 2024

Снопче: Нема сомнеж дека се обезбедени потребните гласови за реконструкција на Владата

Снопче: Нема сомнеж дека се обезбедени потребните гласови за реконструкција на Владата

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Пратеникот и координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Халил Снопче на денешната прес-конференција истакна дека е убеден дека се обезбедени потребните гласови за реконструкција на Владата.

- Ние имаме договор меѓу новите партнери на коалицијата. Ние сме убедени дека тие бројки се обезбедени. Не верувам дека некој би влегол во такви авантури без да се обезбедат тие бројки. Меѓутоа, тоа што ние како Алијанса за Албанците можеме да гарантираме е дека нашите осум гласа ќе бидат „за“. За тоа можеме со гаранција да тврдиме. Меѓутоа, немам сомнеж дека бројките се осигурани. Тука нема сомнеж, рече Снопче.

Одговарајќи на новинарско прашање околу вредностите кои ги нуди Алијансата за Албанците како нов владин партнер, Снопче рече дека една вредност е да дадат поддршка со цел Владата да функционира и со капацитети што ги имаат да се обидат да се инсталираат „прави и вистински вредности“.

- И кадрите што ги предложивме како министри се исклучително професионални, кои што се докажани во нивните професии. Во сферите што тие ќе ги раководат ќе имаме прилика да ги видиме квалитетно министерување, квалитетни одлуки и квалитетни закони. Во тоа сум убеден, познавајќи ги кадрите што ги предложивме. Ќе продолжиме да бидеме критичари во тие ресори, во тие делови кои што ќе продолжат да бидат нефункционални. Ќе бидеме критичари дури и кон нашите министри, ако не испорачаат тоа што ветуваат, потенцира тој.

Снопче нагласи дека е многу важно оваа Влада да биде функционална и да се искористи 2023 година за евроинтеграцискиот процес.

- Многу е важно оваа Влада да биде функционална. Ако Владата е функционална, значи може да има надеж. А, ако одиме на предвремени избори, може да се случи да ни се повтори историјата, како што ни се случи во 2008 година. Имаме разни влијанија во нашата држава. Загрижувачки се некои анкети во нашата држава. Најбитна работа е да ја искористиме 2023 година за нашиот евроинтеграциски тек што е единствена гаранција за нашата иднина. Во спротивно, сешто може да се случи, рече Снопче. фф/сп/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан