• вторник, 02 јули 2024

Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека

Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. 

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот. бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан