• петок, 22 ноември 2024

Смени во Владата на Финска

Смени во Владата на Финска
Хелсинки, 22 мај 2021 (МИА) - Финскиот министер за финансии Мати Ванханен ја напушта функцијата, а ќе биде заменет од Аника Сарико, соопшти денеска Централна партија. Смената во Министерството за финансии беше договорено кога Ванханен ја презеде функцијата од Катри Кулмуни, која во јуни минатата година поднесе оставка. Таа поднесе оставка бидејќи користеше државни пари за да плати обука за јавни говори. Сарико во моментот е министерка за наука и култура. Таа изјави дека е добро време да се заменат улогите откако Владата ги објави насоките за трошење на државните пари. ми/

Остани поврзан