• недела, 22 декември 2024

Слот: Сите во Ливерпул знаат колку е важно дербито на Манчестер Јунајтед

Слот: Сите во Ливерпул знаат колку е важно дербито на Манчестер Јунајтед

Манчестер, 1 септември 2024 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот е свесен колку тежок натпревар го очекува на претстојното дерби со Манчестер Јунајтед. Очекува тежок судир на „Олд Трафорд“, каде првпат ќе има шанса да ги води „црвените“, но веќе ја знае атмосферата на стадионот и знае што да очекува.

-Кога почнав во Ливерпул, знаев колку е важен натпреварот со Јунајтед. Кога бев во Феенорд, имавме слично големо дерби со Ајакс. Луѓето постојано зборуваат за тоа, но навистина не треба многу објаснување бидејќи јас долго време сум во фудбалот и знам колку голем натпревар е Ливерпул против Јунајтед, рече Слот.

Додаде дека најважно е да ги подготви играчите за тоа што ги очекува.

-Мислам дека добро знаат дека ќе играме на негостопримлив стадион пред 75 илјади навивачи на противникот. Ќе одам таму за прв пат како менаџер на Ливерпул, но инаку тоа е мојот втор натпревар таму, но многу од моите играчи биле таму многу пати претходно, така што нема што да им објаснувам каде ќе одат. Пред 75.000 луѓе, тие се навикнати на тоа, додаде Холанѓанецот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан