• понеделник, 23 декември 2024

Славески: Проектираниот буџет за 2023 година е мегаломански и не одговара на тековната состојба

Славески: Проектираниот буџет за 2023 година е мегаломански и не одговара на тековната состојба
9 ноември 2022 Ако споредиме со 2021 година, значи само за две години тоа никогаш не се случило во независна Македонија, на страната на расходите проектираниот буџет за 2023 година е повисок од она што е реализирано пред две години за милијарда и 100 милиони евра. А се проектираат приходи што би биле повисоки или би требало да се повисоки за цела милијарда евра од она што беа приходи остварени во цела 2021 година. Од каде се тие пари освен од задолжување што ќе го плаќаат и сегашните и идните генерации, вели  Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа. Во јануари ММФ откако направила скенирање на македонската економија спореден таканаречениот член 4 од статутот на ММФ за сите земји членки тоа го прават, по правило еднаш на две години, некогаш и еднаш годишно, имаат проекции за макроекономските движења во Република Македонија, по домашен производ, платен биланс итн до 2026 година. Јас го погледнав и се запрепастив, на пример за 2023 година ММФ проектира кај приходите за 500 милиони евра помалку во Буџетот на државата, а кај расходите уште повисок износ односно разликата е поголема. Значи сега мислам дека сега би им се кренала и косата на експертите во Меѓународниот монетарен фонд што се случува во оваа економија и мислам дека кога јас би бил на нивно место веднаш би ангажирал дополнителни ресурси за следење на тоа што се случува и каде оди оваа земја и економија, затоа што макроекономската стабилност на ваков начин може да биде нарушена, посочи тој. Славески потенцираше дека овој предлог буџет на власта е мегаломански и инфлациски и не води сметка за тековната состојба. Значи буџетот е инфлаторен затоа што воопшто не води сметка за тековната состојба, за инфлација која што достигна 20 проценти, највисока од средината на 90тите години кога едвај некако ја стабилизиравме економијата и земјата, и не помага воопшто на монетарната политика, истакна Славески. Славески смета дека инфлацијата ќе продолжи и во 2023 година, но сега не сака да се прикаже бидејќи како што рече нејасно му е како владата и министерството за финансии проектираат дека приходите во буџетот ќе пораснат за 15 проценти. Секогаш при проектирање на приходите односно колкав е капацитетот на економијата да приберете приходи се тргнува од номиналниот раст на БДП, значи по тековните цени. Мене ми е нејасно од каде владата и министерството за финансии проектираат дека приходите од буџетот ќе порасната за 15 проценти. Тоа вака ми наликува на некоја скриена инфлација која на сака сега да се прикаже, а се очекува дека буџетот како сега што растат приходите затоа што ние плаќаме повисоки цени на сите производи, а стапката на ДДВ е фиксна кај најголемиот број на стоки и услуги кои ги користиме и со тоа плаќаме поголем данок,  од тука се зголемуваат приходите на државната каса. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан