• четврток, 21 ноември 2024

Слаба ефикасност на четирите денешни натпревари во ПМФЛ

Слаба ефикасност на четирите денешни натпревари во ПМФЛ
Скопје, 1 мај 2022 (МИА) – Стрелците на денешните четири средби од Првата македонска фудбалска лига не беа многу расположени. Постигнаа само шест погодоци или во просек по 1,5 по натпревар. Борец и Македонија ЃП славеа минимални победи, другите два дуела завршија нерешено. Постигнати резултати на неделните натпревари од 30. коло во ПМФЛ: Борец – Скопје 1:0 Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0 Пелистер – Тиквеш 1:1 Струга – Ренова 1:1. Вчера, Брегалица го победи лидерот и нов шампион Шкупи со 4:1, додека Шкендија забележа минимална победа против Работнички со 1:0. Табела: Шкупи 71, Шкендија 59, Академија Пандев 58,  Македонија ЃП 56, Брегалница 42, Струга 40, Ренова 39, Работнички 37, Тиквеш 31, Скопје 29, Борец 21, Пелистер 11. зс/

Остани поврзан