• недела, 22 декември 2024

Скалони го продолжи договорот со Аргентина

Скалони го продолжи договорот со Аргентина
Буенос Аирес, 28 септември 2022 (МИА) - Лионел Скалони ќе продолжи да биде селектор на репрезентацијата на Аргентина. Четириесет и четиригодишниот стручњак го продолжи договорот со „гаучосите“ до крајот на Светското првенство во 2026 година. Ова информација ја соопшти претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Чики Тапија. Претходниот договор на Скалони со репрезентацијата беше пресметан до 31 декември 2022 година. Ноќеска Аргентина ја совлада Јамајка (3:0) во пријателски натпревар со што ја продолжи серијата без пораз на 35 натпревари. Скалони ја предводи репрезентацијата од август 2018 година. зс/

Остани поврзан