• среда, 15 јануари 2025

Си Џинпинг: Не постои судир на фундаментални интереси меѓу Кина и ЕУ

Си Џинпинг: Не постои судир на фундаментални интереси меѓу Кина и ЕУ

Пекинг, 14 јануари 2025 (МИА) - Не постои судир на фундаментални интереси или геополитички судири меѓу Кина и Европската унија (ЕУ), што ги прави партнери кои можат да придонесат за заеднички напредок, рече денеска кинескиот претседател Си Џинпинг за време на телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Кина и ЕУ немаат фундаментални судири на интереси или геополитички противречности, тие се партнери кои заедно постигнуваат успех“, истакна Си Џинпинг.

Истакнувајќи дека Кина останува посветена на висококвалитетен развој и отворање на високо ниво, тој посочи дека тоа ќе донесе нови можности за соработката меѓу Кина и ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан