• четврток, 11 јули 2024

Сиљановска Давкова ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска Давкова ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на церемонија што ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, во Охрид, ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини, соопшти нејзиниот кабинет.

„Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а со признанието ќе се здобијат 15 млади инженери од различни области, кои дипломирале на четири државни универзитети.

Манифестацијата се одржува во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на државата.са/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан