• понеделник, 25 ноември 2024

Сиљановска-Давкова ја прими Касандра Фернандо, претседавач со Групата за пријателство вo Парламентот на Австралија

Сиљановска-Давкова ја прими Касандра Фернандо, претседавач со Групата за пријателство вo Парламентот на Австралија

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја примила австралиската пратеничка Касандра Фернандо, претседавач со Групата за пријателство вo Парламентот на Австралија, со која разговарала за севкупните македонско-австралиски билатерални односи, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво.

-Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека посетата на пратеничката Фернандо, втора по ред на нашата држава, е потврда за посветеноста за продлабочување на соработката. Сиљановска-Давкова на средбата истакна дека и покрај географската оддалеченост, двете држави продолжуваат да развиваат силни пријателски односи, посочувајќи на македонската дијаспора во Австралија, која дава силен придонес во севкупниот развој на австралиското општество и е важен мост на поврзување меѓу двете држави, информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

 Како што е наведено во соопштението, претседателката истакнала дека нашата држава високо ја цени континуираната поддршка и помош што Австралија ја дава во исполнувањето на нашите стратешки цели и изразила надеж дека оваа поддршка, исто така, ќе се рефлектира и во соработката на парламентарно ниво.

-Претседателката Сиљановска-Давкова посочи дека економската соработка не ги следи добрите политички односи меѓу двете држави и оцени дека постои голем неискористен потенцијал за развој на економската соработка и зголемување на трговската размена, информира претседателскиот Кабинет. хс/бак/

Фото: Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија 
 

Остани поврзан