• вторник, 05 ноември 2024

Сијарто: Крајно време е членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан

Сијарто: Крајно време е членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан

Блед, 3 септември 23024 (МИА) - Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум рече дека е крајно време членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан.

Сијарто изјави дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан.

Тој рече дека, за жал, „има многу лицемерие во ЕУ“ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за тоа колку го поддржуваат приемот на нови земји, но на состаноците изнесуваат аргументи против тоа.

„Затоа е време членките на ЕУ да бидат јасни и да му дадат поддршка на Западен Балкан на патот кон европската интеграција“, порача Сијарто. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан