• петок, 22 ноември 2024

Ситуацијата на Осимен - или во Саудиска Арабија или персона нон грата во Наполи

Ситуацијата на Осимен - или во Саудиска Арабија или персона нон грата во Наполи

Неапол, 31 август 2024 (МИА) - Виктор Осимен од играч вреден преку 100 милиони стана непожелен од никој во најдобрите европски лиги. Заврши преодниот рок на Стариот континент или барем во земјите кои можат да си го дозволат нигерискиот напаѓач.

Доколку Осимен во следните три дена не добие нова понуда од клуб од Саудиска Арабија, ќе стане персона нон грата во Наполи. Трансфер експертот Фабрицио Романо информира дека ова се изгледите за најдобриот стрелец на Серија „А“ за сезоната 2022/23.

-Ако ништо не се случи со Саудијците во следните три дена, Осимен ќе остане во Наполи, но нема да биде дел од првиот тим. Неговиот однос со клубот е целосно уништен, напиша Романо.

Како што е познато, Ал-Ахли се договори за Осимен, но на крајот го доведе Англичанецот Ајван Тони. Не можеа да ги купат и двајцата, бидејќи имаа место само за уште еден странец.

Така, Осимен е во опасност да не игра фудбал барем до јануарскиот преоден рок, иако има најголема плата во Серија „А“. Наполи го ангажираше Ромелу Лукаку од Челси и се чини дека раководството е премногу решено да се ослободи од Нигериецот. И покрај желбата на 25-годишниот напаѓач да игра во една од врвните европски лиги, тој ќе мора да се надева само на арапски клуб за неговата нова дестинација. дс

Фото: Архива

Остани поврзан