• понеделник, 13 мај 2024

Сити го нема победено Арсенал три натпревари по ред

Сити го нема победено Арсенал три натпревари по ред

Манчестер, 31 март 2024 (МИА) - Манчестер сити не успеа да го победи Арсенал трет пат по ред. Тимот на Гвардиола има нерешено и два пораза оваа сезона.

Денес екипите одиграа нерешено (0:0) во натпреварот од 30. коло од Премиер лигата.

Во првото коло од Премиер лигата Манчестер Сити загуби од Арсенал со резултат 0:1. Пред ова, тимот на Пеп Гвардиола загуби од Топџиите во пенал рулетот во ФА Суперкупот.

Во тековната сезона во Премиер лигата, Арсенал се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку од Ливерпул. Сити е третопласиран со три бода помалку од лидерот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан