• среда, 21 јануари 2026

„Сите за Анѓел“ - добротворна забава за лекувањето на малиот Анѓел Симоновски

„Сите за Анѓел“ - добротворна забава за лекувањето на малиот Анѓел Симоновски

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Анѓел Симоновски води тешка, но храбра борба со аутизмот и пречки во развојот, дијагноза што целосно го промени животот на неговото семејство. Неговата мајка Марија сведочи дека Анѓел до третата година се развивал одлично.

- Кога беше мал, се развиваше прекрасно. На две - две и пол години зборуваше „мама, тато, баба, дедо“, броеше до 10 на македонски и англиски, ја знаеше азбуката... Редеше сложувалки и пееше песнички. И тогаш, на три и пол години - сè запре. Одеднаш. Тишина. Ниту збор повеќе, раскажува Марија.

Набрзо почнало да се менува и неговото однесување - често плачел, избегнувал контакт со очи и гледал на страна. По низа прегледи, пристигнала и дијагнозата: Ф-84 - аутизам.

„За лекувањето се потребни 15.000 евра, од коишто досега се собрани само половина, а терапиите треба да почнат веќе следната недела“, соопшти семејството.

Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, можат да донираат на следната сметка:

Донациска трансакциска сметка - НЛБ Банка; Примач: Анѓел Симоновски; Број на сметка: 210-700000696111.

„Анѓел не се откажува. За него сега постои нова надеж - специјализирани третмани во Турција, коишто може значително да ја подобрат неговата состојба. Но трошоците за лекувањето се огромни и семејството не може да си ги дозволи, па без помош не може да продолжи понатаму. Секој придонес е чекор поблиску до подобро утре за Анѓел“, се додава.

Со цел да се соберат потребните средства, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“, заедно со свои пријатели, организираат добротворна забава со наслов „Сите за Анѓел“, која ќе се одржи во понеделник, 26 јануари, со почеток во 19:30 часот, во ресторанот „Котура“ во Илинден - Скопје. Сите собрани средства ќе бидат наменети за лекувањето на Анѓел во Турција.

Фото: МИА.

Остани поврзан