• четврток, 17 октомври 2024

Сиси апелира за поголем ангажман за спречување на регионална војна

Сиси апелира за поголем ангажман за спречување на регионална војна

Каиро, 17 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, на денешната средба во Каиро со шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, апелираше за поголем ангажман за спречување на регионална војна.

Сиси предупреди дека проширувањето на конфликтот ќе има сериозни последици за безбедноста и благосостојбата на луѓето во регионот. Тој ја истакна итната потреба од зајакнување на меѓународните иницијативи за постигнување примирје во Појасот Газа и Либан, за запирање на насилството во Западниот Брег и обезбедување хуманитарна помош за цивилите.

Арагчи изрази благодарност на Египет за неговата улога во стабилноста и безбедноста на регионот.

Тоа е прва посета на ирански висок функционер на Египет по една деценија. Кризата во Појасот Газа доведе до зголемени дипломатски контакти помеѓу двете земји по децении тензии.

Посетата на Египет е дел од регионалната турнеја на Арагчи при што се вклучени Саудиска Арабија, Сирија, Катар, Ирак, Либан и Оман. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан