• среда, 25 декември 2024

Бајден вели дека смртта на Синвар е „добар ден“ за Израел, САД и светот

Бајден вели дека смртта на Синвар е „добар ден“ за Израел, САД и светот

Вашингтон, 17 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, како „добар ден“ за светот, нагласувајќи дека тоа исто така ја отстрани клучната пречка за прекин на огнот во Газа и договор за заложници.

„Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот“, рече Бајден, кој патува за Германија со „Ер Форс 1“ во писмената изјава.

„Сега постои можност за „ден потоа“ во Газа без Хамас на власт, и за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците. зш/

Остани поврзан