• петок, 11 октомври 2024

Синер: Надал нѐ научи како да се справиме со тешките ситуации на теренот

Синер: Надал нѐ научи како да се справиме со тешките ситуации на теренот

Мадрид, 10 октомври 2024 (МИА) - Рафаел Надал најави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот, а неговата одлука предизвика бран реакции низ спортскиот свет.

Број 1 во светот на тенисот, Јаник Синер изјави дека ова е тешка вест за целиот свет на тенисот. 

-Што можам да кажам, имав многу среќа што го познавам, тој е неверојатна личност. Сите видовме колку е добар како играч, лекциите што ни ги одржа, младите играчи, како да се однесуваме на теренот, како да се справуваме со тешки ситуации на теренот. На сите ни даде многу емоции кога го гледавме како игра. Но, сè има почеток и крај. Така, да, само тој знае како се чувствува, изјави Синер. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан