• сабота, 06 јули 2024

Симеоне: Облак е најдобриот голман на светот, тој е како Меси во Барса

Симеоне: Облак е најдобриот голман на светот, тој е како Меси во Барса
Ливерпул, 12 март 2020 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по синоќешниот триумф над Ливерпул ги сподели своите впечатоци од изданието на голманот Јан Облак. Атлетико победи по продолженија со 3:2, а Облак во неколку наврати го спасуваше својот тим. - Не се сомневам дека Облакот е најдобриот голман на светот. Јан е неверојатно важен за нас, како Савиќ, Феликс, Фелипе.... Атлетико го има најдобриот голман на светот - тоа е како Меси што го има Барселона, тој го прави резултатот,изјави Симеоне. зс/

Остани поврзан