• недела, 22 декември 2024

Симеоне го критикуваше календарот на Копа дел Реј

Симеоне го критикуваше календарот на Копа дел Реј

Мадрид, 1 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го критикуваше календарот на Копа дел Реј. Во полуфиналето на турнирот мадридскиот клуб ќе се сретне со Атлетик Билбао.

Пред куп-натпреварот, Атлетико ќе игра против Реал Мадрид на 4 февруари, а Баскијците ќе се сретнат со Мајорка на 2 февруари.

- Ми изгледа неправедно што Атлетик има два дена повеќе да се подготви. Ова е непочитување од страна на федерацијата. Еден ден е во ред, но два не. Тоа е прашање на почит. Ова е важно полуфинале, федерацијата мора да разбере дека ако една екипа има два дена повеќе е во предност. Каква разлика ќе има ако играме со Атлетик во четврток, а не во среда? Никаква, изјави Симеоне по синоќешниот натпревар со Рајо Ваљекано (2:1) во 20. коло од Ла Лига.

Натпреварот Атлетико - Атлетик ќе се одигра на 6 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан