• четврток, 21 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран во близина на Токио

Силен земјотрес регистриран во близина на Токио

Токио, 7 октомври 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 80 километри во округот Чиби.

Се уште нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.

Не е изададено предупредување за појава на цунами. ми/

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан