• сабота, 23 ноември 2024

Сиднеј ќе укине дел од рестриктивните мерки

Сиднеј ќе укине дел од рестриктивните мерки
Сиднеј, 7 октомври 2021 (МИА) - Властите во Сиднеј соопштија дека од 11 октомври ќе укинат дел од рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19, откако во најголемиот австралиски град вакцинирани се 70 отсто од граѓаните. Дел од рестриктивните мерки ќе се укинат по речиси четиримесечната блокада. Целосно вакцинираните луѓе во австралиската држава Нов Јужен Велс ќе можат да ги напуштат домовите поради која било причина, вклучително и посета на пабови, продавници, кина и вежбалници, кои повторно ќе бидат отворени под строги правила за физичка дистанца. Со новите мерки се зголемува на 10 бројот на вакцинирани посетители во домовите, а на свадбите и погребите ќе може да присуствуваат до сто луѓе. Додека ноќните клубови ќе бидат отворени за вакцинираните лица кога имунизацијата ќе достигне до 80 проценти, а маските нема да бидат задолжителни во канцелариите. Предвидено е и лицата кои не се целосно вакцинирани да останат дома до 1 декември, освен поради основните потреби. ми/

Остани поврзан