• понеделник, 09 февруари 2026

Се урна јужнокорејски воен јуришен хеликоптер, загинаа двајца членови на екипажот

Се урна јужнокорејски воен јуришен хеликоптер, загинаа двајца членови на екипажот

Сеул, 9 февруари 2026 (МИА) - Јужнокорејски воен јуришен хеликоптер „AH-1S Кобра“ се урна денеска за време на тренажен лет во северниот дел на округот Гапјеонг, при што загинаа двајца членови на екипажот, соопшти војската.

Хеликоптерот се урна малку по 11 часот по локално време, а причината за несреќата сè уште е непозната, според соопштението за медиумите.

Двајцата членови на екипажот беа префрлени во блиските болници, но подоцна беа прогласени за мртви.

По несреќата, војската ги прекина сите летови на хеликоптерот „AH-1S“ и формираше тим за итни интервенции за да ја испита причината за несреќата.

Според војската, обуката вклучувала вежбање процедури за принудно слетување без исклучување на моторот.сд/јт/

Фото:ЕПА

Остани поврзан