• среда, 01 април 2026

Хутите ја презедоа одговорноста за третиот ракетен напад врз Израел

Хутите ја презедоа одговорноста за третиот ракетен напад врз Израел

Сана, 1 април 2026 (МИА) - Хутите ја презедоа одговорноста за третиот ракетен напад врз Израел денеска во соопштението на нивниот портпарол, објавено на апликацијата Телеграм.

Откако се приклучи на војната на Блискиот Исток во саботата, проиранската јеменска група соопшти дека целела „чувствителни цели“ во јужен Израел.

„Операцијата беше спроведена заедно со нашите браќа“ во Иран и либанската група Хезболах и „ги постигна своите цели“, се додава во соопштението. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан