Се реконструира спортската сала на Економското училиште во Велес
- Во тек се градежни зафати во ОСУ „Јовче Тесличков" во Велес попознато како Економска, каде се реконструира таванот на спортската сала, по што следува санирање на ѕидовите и поставување на ново осветлување, информира градоначалникот Марко Колев.
Велес, 20 септември 2023 (МИА) - Во тек се градежни зафати во ОСУ „Јовче Тесличков" во Велес попознато како Економска, каде се реконструира таванот на спортската сала, по што следува санирање на ѕидовите и поставување на ново осветлување, информира градоначалникот Марко Колев.
-Со ова учениците, како и сите спортски клубови кои ќе ја користат оваа сала ќе добијат подобрени услови за спорт и рекреација. Средствата за реконструкција се обезбедени од блок дотации, појасни Колев.
Инаку, Економска во постоечаката зграда на поранешното ООУ „Трајко Андреев“, а кое престана да постои е преместена во учебната 2006/2007 година.
Поранешна Економска беше сместена во зградата на старата велешка Гимназија кај Градскиот пазар и располагаше со голема спортска сала која ја делеше со две основни училишта ООУ „Благој Кирков“ и Посебното основно училиште „Маца Овчарова“. ад/
Фото: Општина Велес