Се реконструира локалниот пат Ресава - Косовец
- Се реконструира локалниот пат од село Ресава до место викано Косовец, на површина од 1.400 метри квадратни. Реконструирањето опфаќа одводнување, тампонирање и асфалтирање на овој пат, информираат денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 23 јануари 2025 (МИА) - Се реконструира локалниот пат од село Ресава до место викано Косовец, на површина од 1.400 метри квадратни. Реконструирањето опфаќа одводнување, тампонирање и асфалтирање на овој пат, информираат денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Како што појаснуваат од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, станува збор за капитален проект што е инвестиција од Владата.
Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“.свд/са/
Фото: Кабинет на градоначалникот Митко Јанчев