• вторник, 24 декември 2024

Се поставува нова енергетски-ефикасна фасада во средното кумановско училиште „Перо Наков“

Се поставува нова енергетски-ефикасна фасада во средното кумановско училиште „Перо Наков“
Куманово, 24 февруари 2022 (МИА) - Почна поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“. Како што соопштија денеска надлежните, поставувањето на фасадата се спроведува согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука, Општина Куманово, односно секторот за образование и училиштето во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“.
Претходно, во училиштето заврши партерното уредување на целиот училишен простор, со средства обезбедени од општината во вредност од 1.979. 947 илјади денари. Со пари од општината беше замената надворешната и внатрешната столарија на 54 училници, кабинети канцеларии, тоалети, во училиштето, проект кој е финансиран од општината.
- Постојано се вложува во реконструкција и санација на објектот и се надеваме дека значително ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на наставата во училиштето, изјави директорката, Мила Жибак Димовска.
Средното општинско училиште „Перо Наков“ Куманово доби столчиња, маси, компјутери и Смарт табли за потребите на учениците од двата објекти. Учениците кои следат настава во централниот и дисперзираниот објект добија 200 столчиња, 100 клупи, како и 97 компјутери и седум Смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Настава во СОУ „Перо Наков“ следат околу 800 ученици на македонски и албански наставен јазик. Учениците од прва година од профилите економски техничар, техничар за изработка на обувки и техничар за изработка на облека следат и дуално образование.ам/фф/

Остани поврзан