• сабота, 09 ноември 2024

Се поголем број германски десничари поседуваат оружје

Се поголем број германски десничари поседуваат оружје
Берлин, 2 февруари 2021 (МИА) - Во Германија во 2020 година забележан е голем пораст на издавање на дозволи за носење на огнено оружје за регистрираните припадници на радикалната десница, соопшти денеска германската Влада. Кон крајот на минатата година 1.200 припадници на радикалната десница легално поседувале огнено оружје, што е за 35 проценти повеќе во споредба со 2019 година.
Додека припадниците на така нареченото движење Граѓани на Рајхот, кои не ја признаваат Германија во сегашната форма поседуваат 528 дозволи за носење на огнено оружје. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека трендот на зголемување на легално вооружените припадници на десницата треба да се поврзе со растот на бројот на нејзини членови. Кон крајот на 2019 година според германското МВР имало 32.080 екстремни десничари, од кои околу 13.000 се окарактеризирани како насилни. Во Германија може да се добие дозбола за поседување на ловечко или спортско оружје, кое може да се носи само при одење во лов или при посета на стрелиште. Од минатата година германското МВР секоја трета година проверува дали лицата со дозвола ги исполнуваат условите за поседување на оружје, вклучително и проверката на припадност на лицата на некои од забранетите организации, кои се наоѓаат на листата на германското Биро за заштита на уставниот поредок. ми/

Остани поврзан