• понеделник, 15 декември 2025

Се одржа велосипедската трка „Пехчево на точак 2025"

Се одржа велосипедската трка „Пехчево на точак 2025

Пехчево, 21 јуни 2025 (МИА) - Во Пехчево денеска се одржа велосипедската трка „Пехчево на точак 2025". На традиционалната вело тура годинава учествуваа 30 велосипедисти од повеќе градови во државата.

-Пехчево на точак (Кадиица вело 2025) е традионална вело тура која ја организираме ние неколку ентузијасти. Патеката беше долга околу 33 километри од плоштадот во Пехчево со искачување до врвот Кадиица и назад, информираше Александар Бојчевски, еден од организаторите на трката.

Оваа година трката се возеше во чест на Ѓорѓи Величков  кој трагично загина во трагедијата во Кочани.

-Тој секоја година ја возеше оваа вело тура и затоа му ја посветуваме нему, додадоа организаторите. 

Упатија благодарност до сите учесници кои придонесоа успешна реализација на трката. вс/ев/

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан