• петок, 04 октомври 2024

Се зголемуваат тензиите на израелско-либанската граница пред говорот на шефот на Хезболах

Се зголемуваат тензиите на израелско-либанската граница пред говорот на шефот на Хезболах

Тел Авив, 3 ноември 2023 (МИА) - Тензиите продолжуваат да растат на северната граница на Израел со Либан пред најавеното обраќање на лидерот на Хезболах Хасан Насрала, што ќе бидат негови први јавни коментари по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Дописникот на Франс24 од Бејрут вели дека молкот на лидерот на Хезболах, терористичка организација забранета во Велика Британија, САД и други земји до сега бил „многу мистериозен“ и дека многумина во Либан стравуваат дека конфликтот меѓу Израел и Хамас може да ескалира во регионална војна.

– Израелските одбранбени сили (ИДФ) се во „многу висока готовност“ долж северната граница на Израел, изјави денеска портпаролот на израелската армија Даниел Хагари. Вчера извршивме широк напад и погодивме голем број терористички ќелии на Хезболах како одговор на огромниот оган од Хезболах... во кој беа ранети цивили, рече Хагари.

Според него, ИДФ ќе продолжи силно да одговара на секој напад врз израелски цивили. „Ние сме во состојба на висока готовност на северната граница, многу висока готовност за да одговориме на каков било настан денеска и во наредните денови“, рече Хагари.

Обраќањето на Насрала се очекува по завршувањето на петочната молитва. ссм/

фото: ЕПА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан