• понеделник, 23 декември 2024

Се гради главната водоводна мрежа во делчевската населба ,,Пролет"

Се гради главната водоводна мрежа во делчевската населба ,,Пролет

Делчево, 11 септември 2024 (МИА) - Во Делчево започна изградба на главната  водоводна мрежа низ населбата Пролет.

Покрај главната како што информираше градоначалникот на Општината, Горан Трајковски, кој денес изврши увид во работите, со проектот ќе биде опфатено и изградба на дел од секундарната водоводна мрежа.

-Главните градежни активности опфаќаат машински ископ на ров, поставување на нови водоводни цевки со сите придружни објекти и фасонски делови, истакна Трајковски.

Главниот цевковод, како што додаде, е со должина од 543 метри.

-Секундарната мрежа која ќе биде опфатена со проектот е во должина од 487 метри. Изведувач на работите е „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ од Скопје, додаде Трајковски.

Вредноста на проектот е 5.131.269 денари со ДДВ, а плаќањето ќе го врши Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан