• понеделник, 15 јули 2024

Се градат училишта во село Согле и Долно Јаболчиште

Се градат училишта во село Согле и Долно Јаболчиште

Велес, 4 септември 2023 (МИА) - Општина Чашка и оваа учебна година продолжува со реализација на проектите за подобрување на условите во училиштата. Во тек е изградбата на нови училишни згради во село Согле и Долно Јаболчиште во соработка и финансиска подршка од Министерството за образование и наука, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Инаку, во селото Долно Јаболчиште старата руинирана зграда скоро целосно е срушена и се гради нова современа со поголем простор и подобри услови за наставата. Додека се гради новата училишна зграда стотината ученици од прво до петто настава изведуваат во селската џамија во непосредна близина на училиштето.

Како и во изминатите учебни години, така и во оваа учениците петто до деветто одделение од селото Долно Јаболчиште учат во ООУ „Лирија” во Горно Јаболчиште.

Во училиштето „Лирија” во Горно Јаболчиште во тек е изградба на спортска сала преку ТАВ програмата.

Градоначалнокот Стојановски најави дека оваа спортска сала се очекува да биде готова до крајот на оваа школска година.

Воедно најави дека Општина Чашка во соработка со Министерството за образование и наука наскоро ќе започне со изработка на термо фасади на ООУ ,„Лирија” во Горно Јаболчиште и ОУ „Петар Поп Арсов “ во село Извор.

-Со тоа ќе се создадат подобри услови за сите ученици и наставници во Општина Чашка.Со поставување на тeрмо фасада во двете училишта ќе им биде потопло на учениците во зима,а воедно ќе се заштеди енергија и пари, потенцира Стојановски. ад/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан