• вторник, 01 октомври 2024

Се вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци 

Се вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци 

Кавадарци, 8 јули 2024 (МИА) - Се вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци, на терен се работници на јавното претпријатие „Комуналец" и механизација со која се отстранува наносот од реката.  

- На лице место се ангажирани неколку лица со два скипа и два камиони кипери. Досега се извадени околу 200 кубни метри песок и се очекува во наредните два дена да се извадат уште толку, појасни за МИА, Гоце Ангеловски, директор на комуналното претпријатие.

Тој нагласи дека редовно се вади наносот од реката, чиј кеј е омилено место за прошетка на кавадарчани, но и на оние кои доаѓаат да го посетат градот Кавадарци. свд/цр


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан