• понеделник, 25 ноември 2024

Сејдини: Со самото учество на ЕП постигнавме успех, немам проблеми ниту со играчите ниту со селекторот

Сејдини: Со самото учество на ЕП постигнавме успех, немам проблеми ниту со играчите ниту со селекторот
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) - Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕВРО 2020 е успех за македонскиот фудбал. - Секоја работа околу организацијата ФФМ ја оствари уште во декември или почетокот на годината, така што се знаеше кој, каде и што ќе работи и што ќе биде. Околу резултатите беше исто прашањето дали сме задоволни или не. Ние со самото учество веќе задоволувавме се. Самото учество за нас беше предизвик. Им посакувам многу среќа на нашите фудбалери, го дадоа својот максимум. Дали искуството, дали нешто друго резултатите беа тие коишто веќе ги знаете, изјави Сејдини. Тој ги демантира шпекулациите кои се појавија дека има нарушени односи со некои од фудбалерите и со селекторот Игор Ангеловски. Сум кажал и претходно, односот мој како претседател е ист, како што бил и досега. Јас односи имам со сите и со фудбалери и со селектор и со стручниот штаб и со другите, така што јас немам никаков проблем со никого, нагласи Сејдини по враќањето на репрезентација од 16. Европско првенство. зс/

Остани поврзан