• понеделник, 23 декември 2024

Секулов: Фокусот на претставата „Без крв“ е дека љубовта може да ги исцели раните, а простувањето е само мал дел од неа

Секулов: Фокусот на претставата „Без крв“ е дека љубовта може да ги исцели раните, а простувањето е само мал дел од неа

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Претставата „Без крв“ не е за извршување одмазда. Таа има само еден фокус, а тоа е дека љубовта може да ги исцели раните. Простувањето е само мал дел од љубовта. Тоа е почетна точка на љубовта и е пасивна. Ти можеш да простиш, но другиот може да не ти прости. Во случајов станува збор за љубов, која се раѓа и само таа може да ги исцели раните. Ова е основната цел на овој спектакл, порача на денешната прес-конференција драматургот Александар Секулов, по повод македонска премиера на оваа претстава, која ќе се одржи вечерва во во Албанскиот театар.

Претставата „Без крв” е дел од репертоарот на 49 издание на театарскиот фестивал „МОТ”. Станува збор за копродукциска соработка која е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмскиот театар Пловдив и Народниот театар „ Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.

Претставата е изработена според истоимениот роман на Алесандро Барико. Преводот на романот е на Тоља Радева, авторската адаптација е на Александар Секулов, драматург е Сашо Димоски, сценската верзија и режијата се на Диана Добрева, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореографијата е на Олга Панго, а преводот на македонски е од Ана Батева.

-Претставата не е за извршување на одмазда, туку има само еден фокус, а тоа е дека љубовта може да ги исцели раните. Не е само простувањето. Простувањето е мал дел од љубовта. Тоа е почетна точка на љубовта и е пасивна. Ти можеш да простиш, но другиот може да не ти прости. Во случајов станува збор за љубов, која се раѓа и само таа може да ги исцели раните. Ова е основната цел на овој спектакл, рече Секулов на прес-конференцијата.

Според Секулов, токму злосторството, одмаздата и простувањето водат кон љубовта.

-Злосторството, одмаздата и простувањето водат кон љубовта и ние сметаме дека тоа сме го прикажале на еден уверлив начин и силно се надеваме дека ќе дојдете да ја погледенете претставата, бидејќи само таа ќе ве увери во тоа што го говорам, додаде тој.

Драматургот Сашо Димоски на денешната прес-конференција информираше дека „Без крв“ е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар - Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.

Според Димоски, станува збор за еден исклучителен настан во светот на уметноста. Тој рече дека заедно со колегите од Бугарија ги надминуваат сите препреки и покажуваат дека јазикот на уметноста, на театарот и на длабокото човечко разбирање може да не направи подобри.

-После долг временски период покажавме дека заедно со нашите колеги од Бугарија можеме да работиме, да создаваме, да ги надминуваме сите препреки и да покажеме дека јазикот на уметноста, јазикот на театарот и јазикот на длабокото човечко разбирање може да не направи секогаш пдобори, пред се за себеси, а со тоа и со сите оние со кои кои живееме и се трудиме да развиваме подобар свет, рече Димоски.

Тој додаде дека позади овој проект стои исклучително посветена работа на двете екипи, која претставува комбинација на уметници кои работат и во Бугарија и во нашата држава.

Како што рече, заедничкот проект „Манифест“ докажува дека само со длабоко разбирање и со исклучување на границите на човековото битисување во уметноста, можеме да правиме разлики, но истовремено можеме да ја покажеме сопствената индивидуалност, во насока на креирање на моќни и автентични универзално разбирливи светови, кои навистина се од светски рамки.

-Оваа претстава е исклучителна, бидејќи таа сама по себе генерира и презентира сосема нов театарски жанр. Токму во кокетирањето со различните типови дискурс кои театарот ги подразбира, стигнавме до создавање на едно неверојатно, автентично ументичко дело, кое почивајќи на романот на Александро Барико отвора прашања кои како цивилизација, но и како поединци, не засегаат сите нас, појасни Димоски.

Тој напомена оти се надева дека романот „Без крв“ наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик.

-Романот „Без крв“ за жал се уште го немаме на македонски јазик. Се надевам дека за брзо ќе го има на македонски јазик, бидејќи станува збор за еден исклучителен текст, новела, која веќе има и своја театарска, но и филмска адаптација, додаде Димоски.

Во претставата играат Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски, Елена Димитрова. бт/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан