• недела, 12 мај 2024

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон пријавен до 30 август ќе добие маичка

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон пријавен до 30 август ќе добие маичка
Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во нашата земја и пошироко. Годинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2 октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август ќе добијат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022. Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk Секој учесник по завршување на маратонот на својата електорнска адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– „HalkEco“ Скопје трча 10KM. зс/

Остани поврзан