• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седум медали за студентите на ФТУ од Охрид на Меѓународниот гастрономски натпревар во Хрватска

Седум медали за студентите на ФТУ од Охрид на Меѓународниот гастрономски натпревар во Хрватска

Охрид, 7 април 2025 (МИА) Студентите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид освоија седум медали, од кои една златна, на 20-тиот Меѓународен гастрономски натпревар „Бисерот на морето“ што се одржа во Супетар на хрватскиот остров Брач.

Во силна конкуренција со учество на повеќе од 400 учесници студентот Христијан Трајковски освои златен медал во категоријата главни јадења од пилешко месо (ролован пилешки супрем со козјо сирење и полнеж од суви сливи во комбинација со пена од козјо сирење). Тој освои и бронзен медал за подготовка на главни јадења од риба.

Стефан Аврамоски освои две сребрени медали за подготовка на главни јадења од телешко месо (телешко филе со фефер сос) и риба (орада со сос beurre blanc).

Христијан Јорданоски се натпреваруваше во сениорска конкуренција во три дисциплини и тоа јадења од риба (ролована пастрмка со гамбори), јадење од пилешко (пилешки батак ролован со полнеж од пилешки црн дроб и крем сирење) и паста (црни равиоли во сос од гамбори) при што освои три сребрени медали.

Натреварувањето на Брач се одржува во организација на Асоцијацијата на шефови од медитеранската и европска регија, со учество на претставници од  Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Турција, Албанија, Романија, Словачка, Украина, Белорусија, Велика Британија, Индија и Малта, кои се натпреварува во различни категории во подготовка на главни јадења од месо, веганска храна,  тестенини,  слаткарство, чоколатерство, послужување храна и пијалаци, сомелиерство и барменство.

Инаку, ова е прво учество на студенти и ментори од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид на престижната гастрономска манифестација. аб/дма/

Фото: ФТУ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан