• вторник, 16 јули 2024

Седум лица се водат како исчезнати по лавина на планина во Непал

Седум лица се водат како исчезнати по лавина на планина во Непал
Катманду, 18 јануари 2020 (МИА) - Најмалку четири Јужнокорејци и три непалски водичи се пријавени за исчезнати откако лавина ја погоди популарната патека на планината Анапура во Непал. Непалските власти соопштија дека досега се спасени 30 планинари и се работи на спасување на останатите, но временските услови не се погодни за спасувачката операција. Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека лавината се случила на надморска височина од 3.230 метри и дека се исчезнати четворица наставници кои волонтерски работеле во Непал. ки/ми/

Остани поврзан