• понеделник, 04 ноември 2024

Седум грчки региони во црвената зона со дополнителни рестрикции

Седум грчки региони во црвената зона со дополнителни рестрикции
Атина, 10 септември 2021 (МИА) – Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области, јави дописничката на МИА од Атина. Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, заедно со дел од централна Грција, дел од островот Крит и целиот остров Икарија. Поконкретно, рестрикциите се во воведени во регионите Арголида и Евританија, а се продолжени во областите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, како и на островот Икарија и во градот Ираклио на Крит. Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро. ср/јт/

Остани поврзан