• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седници на пет собраниски комисии

Седници на пет собраниски комисии

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Во Собранието за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии. Според информациите објавени на веб страницата, седници треба да одржат Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на кмуникациите, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е предлогот за основање на работна група за етички кодекс, а на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе бидат разгледани Предлог-измените на Законот за управуавње со конфискуван имот и Предлог законот за рехабилитација во прво читање. 

Членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите ќе го разгледаат годишниот извештај за работењето на Оперативно - техничката агенција за 2024 година, а на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе бидат разгледани предлог заклучоците за вршење надзор во овие две агенции. бак/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан