• недела, 22 декември 2024

Седници на пет собраниски комисии

Седници на пет собраниски комисии

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) -  Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање, заедно со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање

Пратениците - членови во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија меѓу другото на денешните седници како точки за расправа ги имаат Предлог - законот за изменување на Законот за Царинската управа и Предлог - законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање.  

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на седницата, како што е најавено, ќе расправа по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за шумите, на Законот за земјоделското земјиште, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за фитофармација, по скратена постапка - второ читање. 

За истите овие предлог-закони, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка - второ читање денеска на седница ќе дискутираат и пратениците во Законодавно - правната комисија.

На дневниот ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците единствена точка е Предлог на закон за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан