• понеделник, 23 декември 2024

Седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред беа 23 точки

Седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред беа 23 точки
Скопје, 12 јули 2021 (МИА) – Меѓуопштинската соработка со Општина Аеродром за изградба на пет улици во оваа општина е првата точка што беше усвоена на денешната  74. седница на Советот на Град Скопје. За оваа реализација се потребни 83 милиони денари, а предвидено е градот да издвои финансиски средства во износ од 16.6 милиони денари. Со финансиски средства од Град Скопје ќе биде реконструирана и улицата „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари за што Градот ќе издвои финансиски серсдтва во висина од 3,5 милиони денари. На дневен ред на денешната седница на Советот беа 23 точки меѓу кои Предлог-одлуката за донација за ДТЦ Мавровка каде треба да се изгради зелен покрив за што ќе бидат инвестирани околу 45 милиони денари. свс/бак/  

Остани поврзан