• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Северна Македонија, Албанија и Турција остануваат на грчката листа „безбедни трети земји“ за враќање на нелегални мигранти

Северна Македонија, Албанија и Турција остануваат на грчката листа „безбедни трети земји“ за враќање на нелегални мигранти

Атина, 10 април 2025 (МИА) – Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Нашата земја веќе неколку години е вклучена на грчката листа со „безбедни трети земји“, а новата министерска одлука е издадена со промени и појаснувања што се однесуваат на Турција за одредени категории баратели на меѓународна заштита.

-Поконкретно, одлуката јасно го предвидува карактеризирањето на Турција како безбедна трета земја за барателите на меѓународна заштита кои по потекло се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија. Паралелно, одлуката ќе овозможи итно отфрлање на барањата за азил на сите од горенаведените лица кои нелегално влегле во Грција од Турција и нивно враќање. Враќањето на оние кои нелегално престојуваат во земјава е клучен приоритет, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција. ср/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан