Северна Кореја оцени дека кај јужниот сосед има политичка парализа и хаос
- Северна Кореја по повод импичментот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, оцени денеска дека во Јужна Кореја владее „политичка парализа и социјален хаос“.
Пјонгјанг, 3 јануари 2025 (МИА) - Северна Кореја по повод импичментот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, оцени денеска дека во Јужна Кореја владее „политичка парализа и социјален хаос“.
„Во марионетската Јужна Кореја, издаде е налог за апсење на претседателот, што ги парализира државните работи и дополнително го продлабочи општествениот и политичкиот хаос“, соопшти корејска новинска агенција.
Ова е првпат Северна Кореја да ја објави моменталната ситуација во Јужна Кореја, поточно импичментот на претседателот, посочува агенцијата.
Јун се соочува со истрага поради обидот за прогласување воена состојба на 3 декември, а истражителите денеска повторно безуспешно се обидоа да го уапсат отповикуваниот претседател.
Една недела подоцна, Собранието гласаше за негов импичмент, а Уставниот суд ќе одлучи дали ќе ја потврди суспензијата на претседателот или ќе го врати на функцијата. рп/
Фото: МИА архива