• понеделник, 23 декември 2024

Северна Кореја го одби состанокот со Јапонија на највиско ниво

Северна Кореја го одби состанокот со Јапонија на највиско ниво

Сеул, 26 март 2024 (МИА) - Ким Јо-Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во денешното официјално соопштение изјави дека средбата со Јапонија не е во интерес на нејзината земја и дека ќе одбие какви било идни преговори. 

„Јапонија нема храброст да ја промени историјата, да промовира мир и стабилност во регионот и да го направи првиот чекор кон нови односи“, се додава во соопштението, пренесено од британските медиуми. 

Ким вчера изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со севернокорејскиот лидер. Таа потоа додаде дека двете земји можат да отворат нова иднина доколку Јапонија го избере патот на меѓусебното почитување.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан