• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Фронтекс е на македонски јазик, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да им се извинат на граѓаните и на пратениците

СДСМ: Фронтекс е на македонски јазик, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да им се извинат на граѓаните и на пратениците
27 октомври 2022 
Почитувани,
 
Вчера за македонската државата беше голем ден.
Потпишан е Договорот за Фронтекс, прв официјален договор со ЕУ на официјален македонски јазик,  без фусноти, без какви било додавки и појаснувања.
Ова е исклучително важен и историски настан за македонскиот народ, затоа што целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на рамниште на сите останати 24 јазици во Унијата.
Освен граѓаните и пратениците од СДСМ и од парламентраното мнозинство се особено горди, затоа што ова е нивна заслуга.
Одлуката којашто ја донесовме во Собранието за отпочнување на преговори со ЕУ, со приќафање на заклучоците за заштита на македонскиот јазик и идентитет се потврди дека е вистинска, државничка и патриотска.
Сите лаги на Христијан Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со кои со месеци се ширење хистерија за наводна бугаризација, асимилација, за негирање на јазикот, потонаа во вода.
Овде во Собранието, навредуваа пратеници, свиреа со вувузелу, довикуваа, лажно обинуваа за велепредавство, дека македонскиот јазик ќе бил дијалект на бугарскиот, дека во преговарачката рамка ќе има фуснота.
На крајот избегаа од салата и не собраа храброст да гласаат ниту против заклучоците кои ги критикуваа.
Се што кажаа се потврди дека е безобразна лага.
Напротив, имаме стандардизиран македонски јазик во преговорите со ЕУ и заштитен и признаен македонски идентитет.
Ако имаат и малку образ, и малку чест, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да излезат пред граѓаните, пред пратениците и да се извинат за сите лаги.
Почитувани граѓани,
Тоа што го ветивме го исполнивме. Станавме дел од НАТО како Македонци со македонски јазик, како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ.
Прес-конференција на Миле Талески, пратеник на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан