• петок, 28 јуни 2024

СДСМ: Со ребалансот на Буџетот следуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки 

СДСМ: Со ребалансот на Буџетот следуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки 
Скопје, 25 јули 2022 Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка и помош како за граѓаните, така и за компаниите.Над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза.За поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домано производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра.Преку ребалансот се обезбедија средства и за повисоки плати во образованието и детската заштита како и за рекордно зголемување на пензиите од септември за над 320.000 пениознери.Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство.Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните. Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан