• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара

СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара

Скопје, 18 септември 2024 

Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука.


На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше.  По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.


Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.


Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива 

Остани поврзан